АТП МАСТЕРС - МАДРИД

Јанович - Соуса
Јанович води 3:0 во меѓусебните дуели, но сите тие натпревари се на тврда подлога.
Јанович сезонава настапи само на 1 турнир на земја (Монте Карло), каде што загуби многу лесно уште во првото коло од Фоњини (6:3, 6:1).
На Соуса ова му е 5-ти турнир на земја последниот месец.
СПОРТФРЕШ ТИП - 2 (1.95 коефициент)

Квери - Кокинакис
После турнирот во Хјустон (земја), каде што загуби во финалето од Сок (6:7, 6:7), ова му е прв турнир на Квери по преселбата на тенисерите на земјените терени низ Европа.
Квери во Хјустон успеа да ги добие првиот носител Лопез, Вердаско и Џонсон.
Кокинакис пред Мадрид играше на земјен терен само во Истанбул, каде што загуби во 1/16 финале од Лајович.
Кокинакис вчера во квалификациите го победи Типсаревич во 3 сета, но Типсаревич сеуште не е во форма по враќањето од повредата после 6 месеци надвор од терените.
СПОРФРЕШ ТИП - 1 (1.75 коефициент)

Бекер - Лопез
Бекер е во многу лоша форма сезонава и покрај тоа што се наоѓа сеуште високо на АТП листата (43-ти).
Бекер загуби на 2-та турнири на земја на кои учествуваше сезонава уште во првото коло. Во Минхен загуби од Зверев, а во Монте Карло од Баутиста.
Бекер има само 5 победи на 10-те турнири на кои учествувал сезонава.
Лопез исто така е во многу слаба форма и при тоа на последните 3 турнири на земја (Хјустон, Барселона, Есторил) не успева да дојде до 3-тото коло. Губи уште на стартот од Квери, Андухар и Хасе.
Лопез води со 2:0 во меѓусебните дуели.
Лопез нема да стигне далеку, но сигурно не би требало да има проблеми на денешниот натпревар.
СПОРТФРЕШ ТИП - 2 (1.2 коефициент)

Фоњини - Гиралдо
Фоњини игра многу променливо на турнирите на земја, така што може да се очекува било каков резултат на неговите натпревари. На пример во Барселона го победи Надал, а во Минхен загуби од Тием и тоа со само 3 освоени гема.
Гиралдо на турнирите на земја сезонава губи од Сок (Хјустон), Нишикори (Барселона) и Шварцман (Истанбул), така што само со победите над Соуса, Типсаревич и Рублев, не би можеле да кажеме во каква форма се наоѓа.
На меѓусебните дуели води Гиралдо со 3:2 (2:1 на земја), но 2 од тие 5 натпревари Фоњини ги има предадено поради повреда.
СПОРТФРЕШ ТИП - 1 (1.8 коефициент)

Весели - Чилич
Весели имаше успешен турнир на земја во Букурешт, каде што загуби во финалето од Гарсиа-Лопез со 0:2 (6:7, 6:7). На патот до финалето ги победи Шварцман, Јазири, Карлович и Гимено-Травер.
Во Минхен и Монте Карло загуби уште во првото коло и тоа од Колшрајбер и Монако.
Играше уште во Казабланка, каде што извојува победи против Јужни и Бедене.
Ова е само 4-ти турнир на Чилич сезонава, но од она што го видовме од него во Монте Карло против Ѓокович и во Барселона против Естрела, може да се заклучи дека се наоѓа во многу слаба форма.
СПОРТФРЕШ ТИП - 1 (2.3 коефициент)

Гулбис - Гофин
Гулбис не е играч на земјени терени. Губи уште во првото коло и на 2-та турнири на земја сезонава и тоа од Хаидер-Маурер во Монте Карло и Паире во Барселона.
СПОРТФРЕШ ТИП - 2 (1.45 коефициент)

     

Објавено на :
04 / May / 2015
icon Спортфреш Тип
icon

17:00   Марсеј - Рен      1Х&0-3

Вкупен коефициент: 1.65
x
icon Спортфреш Изненадување
icon

18:00   Закакиу - Ермис      1

Вкупен коефициент: 6.10
x
icon Спортфреш Комбо
icon

06.11.2016

15:00   Хелсинборг - Јончепинг   1

18:00   Стабаек - Старт               1

Вкупен коефициент: 2.25
x
icon icon inside

Спортфреш тип

icon icon inside

Спортфреш комбо

icon inside

Спортфреш изненадување